Бамја (Abelmoschus Esculentus) потекнува од Африка, и е од родот на хибискусот. Таа е донесена во Америка во 17 век. Ова тропско растение брзо стана популарно во готвењето, како прилог или за запржување на јадењата. Успева во сите климатски услови каде успева и пченката. Поради разновидноста на боите во кои може да се најде ова растение, често се користи и како украс во градините.
Садење
Бамјата бара многу сонце. Не бара многу почва, расте на обична градинарска почва. Сепак, најдобро успева на плодните почви, особено по растенијата што го задржуваат азотот.
Најдобро е да започнете со садење семе во затворен простор 6 недели пред садењето во градината, или 3-4 недели по последниот мраз. Засадете по 2 семиња по контејнер, а потоа пикирајте ги садниците.
Ако ја садите бамјата директно во земја, почекајте да се загрее почвата и температурата на воздухот да достигне најмалку 16 Целзиусови степени. Секогаш користете свежи семиња. Засадете го на растојание 2,5 до 5 cm во лабава почва и 2,5 cm во потешка почва.
Растојанието по ред треба да биде 8 см, а меѓу редовите 90 см. После тоа, расадот се разредува во редот на растојание од 40 до 50 см, при што се оставаат најсилните растенија.
Дополнителни совети за одгледување бамја
Кога бамјата ќе достигне висина до 10 см, прекријте ја со мулч за да спречите појава на плевел и да ја задржите влагата.
Наводнувајте го во сушни периоди.
Додадете течен компост на секои 3-4 недели.
Болести и штетници
Бамјата ретко ја напаѓаат штетници или болести. Доколку се појават смрдулки отстранете со рака. Овие светло зелени бубачки предизвикуваат шупливи плодови.
Вошки, болви и совици можат да му предизвикаат проблеми на ова растение. Во топлите региони, една од болестите што ја напаѓаат бамијата може да биде фузариумот. Ако болеста предизвика сушење на листовите, отстранете ги заразените растенија. Плодоредот и плодосмената е најдобрата превентивна мерка.
Берба
Мешунките за јадење ќе се појават по 50-60 дена од садењето. Како што созреваат, тие стануваат тврди, па берете ги секој ден кога ќе достигнат големина на прст и кога стеблата се меки и лесно се сечат. Редовно берете и растението ќе раѓа се до појавата на мраз.
При берењето во контакт со мешунките може да дојде до иритација на кожата. Во тој случај најдобро е да носите ракавици и облека со долги ракави.
Извор: Агромедиа