Викендов со нестабилно време проследено со дожд и пониски температури.
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер, соопштуваат од УХМР.На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог). УВ=4
За утре метеорлозите предвидуваат променливо облачно и свежо време, во утринските часови со локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува силен северен ветер, најизразен долж Повардарието. УВ=5. Дневните температури значително ќе се намалат, соопштуваат од УХМР.





