Под влијание на многу топла воздушна маса денес и утре температурите на повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С, информираат од УХМР.
Во вакви услови се препорачува да се избегнуваат активности во најтоплиот период од денот, од 11-17 часот. Да се носи светла и лесна облека, да се пијат течности, консумирање на лесна храна со повеќе овошје и зеленчук, а хроничните болни лица редовно да си ја земаат терапијата.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат, особено од недела, информираат од УХМР.