„Вкусот на Буково“ по четврти пат

„Вкусот на Буково“ по четврти пат

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе  за „Буковската пипер“ тогаш посетете го настанот „Вкусот на Буково “ 2022. Четвртото издание на оваа манифестација се организира за  сабота  8 октомври во с.Буково. Таму ќе имате можност да се запознаете со  историјатот на овој производ, како се произведува, каде сè може да се употребува.

Според програмата предвидено е:

12:00 – Отворање со поздравен говор од Елизабета Каровска (Претседател на Президиум Буково) и Николче Николовски (Слоу Фуд Македонија)

12:15-12:30 – Отворање на саемскиот дел, претставување на излагачите и нивните производи;

12:30 -13:00 – Работилница за изработка на пипер ПРВ дел (нижење);

13:00-14:00 – Културно уметничка програма –

  • Настап на КУД „Илинден“;
  • Ликовна работилница со деца и изложба;
  • Готвење на специјалитет со пиперки од турската кујна;

14:00-15:00 – Закуска со 7 типични јадења од буковска пиперка;

15:00-15:30 – Читање извадоци од историјата за селото и пиперта;

15:30 -16:00 – Работилница за изработка на пипер ВТОР дел (грушење, толчење и дегустација);

Дојдете и уживајте  порачува организаторот.

Локација „Дом на култура“, Буково на 08.10.2019 од 12-16 ч.

„Буковската пипер“ е оригинален земјоделски производ кој се прави од автентична сорта на црвени пиперки кои се произведуваат во битолското село Буково.

Процесот додека се дојде до конечниот производ „буковска пипер“ е долг и воопшто не е лесен. Тоа го знаат самите производителки, бидејќи најчесто сите активности им се препуштени на жените.

„Буковската пипер“ е оригинален производ кој се прави по истиот рецепт и начин како што ја правеле мајките, бабите и прабабите  на тој простор. Македонската кујна не може да се замисли без овој зачин. Производителите од Буково организирани во Президиум и под покровителство на светското движење „Слоу фуд“ се обидуваат да го сочуваат овој бренд кој не е ниту букувец, нити буковка, туку едноставно и оригинално „Буковска пипер“.

СЦЗРР