Студено утро и по одделни котлини појава на слаба магла. Преку денот ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура же се движи од 17-24 степени целзиусови.
Според метеоролозите од УХМР за утре прогнозираат наутро студено, а преку денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот од север ќе се прошири облачност. Утринската температура ќе се движи од -3-7 а максималната дневна температура ќе се движи во интервалот од 20-25 степени.
За В четврток се очекува да има благ пад на температурите и ќе се движат во интервалот од 1°C до 10°C за утринските и 17°C до 23°C за дневните температури. Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, велат од УХМР.
СЦЗРР