Горчливи дамки кај јаболката

Горчливи дамки кај јаболката

Горчливи дамки – претставува физиолошко нарушување кај плодот на овошјето како резултат на ниско ниво на калциум во јаболкото.

Горчливите дамки се еден вид физиолошко нарушување што се јавува после бербата на овошните плодови. Најчесто од ова нарушување страдаат јаболката но и други видови на овошја. Овие дамки не се јавуваат кај сите сорти. Зависи од генетскиот материјал на сортата, минералите во составот на плодот, агроклиматските услови за време на развојот на плодот, времето на берба.  Појавата на горчливи дамки  во голема мера зависи од исхраната на садниците. Тие го влошуваат значително квалитетот на јаболкото што понатаму лошо се одразува на пласманот.

Горчливите дамки не може да се забележат при бербата на јаболката. Тие се јавуваат прво во внатрешноста на јаболкото за подоцна да предизвикаат флеки на површината на јаболкото. Имаат кафеава боја и со време се сушат.

Која е причината за појава на горчливи дамки?

Недостаток на калциум причина за појава на ова физиолошко нарушување. Голем дел од потребните минерали овошките ги земаат од почвата. Сепак овие дамки може да се појават и при доволно присуство на калциум во почвата. Балансирана исхрана во текот на развојот на плодовите е од исклучително значење. Секој минерал е важен во исхраната на растенијата, но треба да се внимава на количината со која се третираат како и во кој период. Калиумот како и калциумот исто така е важен елемент за развојот на плодовите, но тој го блокира внесот на калциумот. Затоа се препорачува калциумот да се надокнади со  прскање преку листот.

Превентивни мерки против горчливи дамки

Превентивните мерки во голема мера може да го спречат јавувањето на овие дамки. Соодветното наводнување со толку влага колку што има потреба растението. Агрохемиската анализа на почвата треба да биде неизоставена мерка. Таа во многу ќе помогне со што и колку да се изврши прихраната, за на крајот да се добијат убави плодови. Многу важно е да се избегнуваат стресните ситуации кај садниците. Резидбата треба да се врши правилно и навремено за што е можно повеќе избегнување на тој вид стрес. Исто така и  бербата треба да се врши навремено. При бербата да се обрне внимание при манипулацијата да не дојде до несакани повреди на плодовите. Исто така и на складфирањето треба да се посвети доволно внимание со цел да се задржи квалитетот на  јаболката  подолго време. Како превенција од горчливи дамки е третирањето на овошките со препарати на база калциум хлорид (CaCL2) или калциум нитрат (Ca(NO3)2.

СЦЗРР