Денес со почеток во 13:00 часот ќе се одржи презентација за најголемиот регионален вински саем Wine Vision by Open Balkan. Вина од Северна Македонија, Албанија и Србија ќе бидат презентирани и дегустирани.
Настанот е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во тесна соработка со министерствата на Србија и Албанија.
Предвидени се свечени обраќања на премиерот Ковачевски и министрите за земјоделство на трите држави членки на Open Balkan.
Иницијативата ОтворенБалкан е симбол на нашата меѓусебна доверба и почит. Преку заедничко дејствување, ќе ги постигнеме нашите цели и интереси. Wine Vision е само една од предностите што ги нуди ОтворенБалкан, а ние ја имаме честа да се одржува токму кај нас.