На плоштадот Магнолија во Битола по 25 пат се одржува манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“.
На манифестацијата учествуваат пчелари од цела држава. Посетителите имаат можност да дегустираат различни пчелини производи. На лице место може да се запознаат со производителите – изложувачи и да се информираат за пчеларската дејност и што се е потребно да се стане пчелар.