Доделени првите решенија за набавка на трактори

Доделени првите решенија за набавка на трактори

Денес со почеток во 12 00 часот министерт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР Никица Бачовски во СН центар во Битола ги доделија првите решенија за набавка на трактори од програмата за рурален развој 2022 година.

На овој настан покрај преставници од релевантните институции учествуваа и добавувачи на земјоделски трактори, опрема и механизација како и земјоделските стопанства кои ќе ги подигнуваат решенијата.