Од денес до 31 октомври аплицирање за дополнителна финансиска поддршка

Од денес до 31 октомври аплицирање за дополнителна финансиска поддршка

Од денеска до 31- ви октомври сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со: пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над 1 хектар и оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети а воедно оствариле принос најмалку од 4.000 кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, рж и овес и 1.500 кг/ха за сончоглед, ќе можат да аплицираат за дополнителнна финансиска поддршка.
Висината на дополнителната финансиска поддршка е 5.760 денари по хектар, соопштуваат од АФПЗРР.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет.

За повеќе информации  или помош при аплицирањето за оваа поддршка може да се обратите преку нашата контакт форма kontakt@sovetodavna.mk

СЦЗРР