Едукативни презентации за ИПАРД Програмата 2021-2027

Едукативни презентации за ИПАРД Програмата 2021-2027

Едукативни презентации за мерките што се содржат во ИПАРД III Програмата 2021-2027 година се активностите што Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој Битола ги организира за сите заинтересирани потенцијални апликанти.

Едукативните презентации се дел од консултантските услуги што ги дава  Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој „ДООЕЛ ТРИУМФ КОНСАЛТИНГ“ Битола. Оваа консултантска компанија нуди консултантски услуги и обезбедува стручна помош на физички и правни лица. 

Со цел да им помогне на потенцијалните апликанти брзо, квалитетно и навремено да аплицираат за некоја од мерките што се опфатени со ИПАРД III Програмата ги повикуваме сите заинтересирани да закажат средба  со стручниот тим на која ќе се официјализира соработката со склучување на договор.

Досегашното искуство покажува дека самата процедура околу подготовка на документите, аплицирањето и самата реализација на инвестициите  не е едноставна. Затоа, за секој апликант ќе биде организирана специјализирана едукативна сесија. На сесијата ќе се презентира мерката/ите за кои потенцијалниот барател сака да аплицира. Ќе бидат испланирани сите активности кои ќе следат. Целта е до излегувањето на јавните повици идеите да се разработат и претворат во технички предлог проект или бизнис план. На тој начин ќе може секоја инвестиција да биде навремено реализирана со финансиска поддршка од ИПАРД Програмата.

Потсетување

ИПАРД  Програмата (2021– 2027) e инструмент за претпристапна помош за Република Македонија  до фондовите на Европската Унија. Тоа се средства наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница. Фокус во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.

Вашите соништа може да се претворат во идеи, а секоја желба да стане реалност. Дозволете искусен стручен тим да се погрижи вашите  идеи да се претворат во развоен бизнис.

Информации може да добиете преку веб страницата www.sovetodavna.mk или на маил kontakt@sovetodavna.mk.

Заинтересираните лица може да се обратат директно во канцеларијата на ул. Панда Чеснова бр.6 во Старата Битолска чаршија во Битола или пак да закажат средба на тел: 076/749 833 или на 070/934 439.

СЦЗРР