Есен – со пониски температури и многу работа во земјоделието

Есен – со пониски температури и многу работа во земјоделието

Календарски веќе сме во есен, а тоа го докажуваат и температурите кои значително опаднаа. Денес имавме студено утро, а  преку денот  ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, прогнозираат  од УХМР.

За утре ае предвидува повторно  студено утро со температури од 1-10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурите ќе се движат во интервал од 16-26 степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во овој период од годината земјоделците имаат работа на претек. Се собираат градинарските култури на отворено а се интензивира и бербата на овошките.

По собирањето на летнината се започнува со подготовки за есенска сеидба.