Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во соработка со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство започна со доделувањето на платежните картички за субвенционирано гориво за земјоделска механизација за 2023/2024 година или попознати како картички за зелена нафта.
Помошта преку оваа мерка е во висина од 50% од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација , но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.
Средствата за имплементација на мерката се обезбедени преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството и е во висина од 275 милиони денари. Со мерката се опфатени 48.909 земјоделци кои ќе добијат картички за точење на гориво. Користењето на картичките за зелена нафта е до 30.04.2024 година, а нивната распределба ќе се одвива преку подрачните единици при МЗШВ.