Заштита на овошните садници после бербата

Заштита на овошните садници после бербата

Заштитата на овошките започнува веднаш по нивната  бербата. Од негата  на овошниот насад ќе зависи идната вегетација и успехот на следната производна сезона.

По завршувањето на бербата на овошките не завршуваат активностите во овоштарникот. По складирањето на јаболката треба да се продолжи  со нега на овоштарникот. Со преземање на соодветни активности се обезбедува  почетокот на идната сезона. Овошните садници треба да се проверат и да се подготват за презимување на зимата.

Проверката на садниците е важна за да се види во каква состојба се.  Дали има  заболени садници или евентуално  гнездо на некои штетници. На тој начин овоштарот ќе знае со што да ги третира со цел идната сезона да му биде успешна.

Заштита на овошните садници

Доколку има видливи гнезда на штетници треба физички да се отстранат. Превентивната  проверка треба да се прави темелно. Во спротивно постоењето на евентуални штеници може да предизвикаат болести и многу поголеми штети на овоштарникот  чија санација  ќе чини многу повеќе.

Нега на овошен насад

Негата на овошниот насад во овој период се состои во прскање со препарати на база бор и цинк. Прскањето се прави пред да падне лисната маса. Ова третирање обезбедува правилен раст и развој на идните пупки. На пролет штом почне вегетацијата се овозможува правилно опрашување и оплодување. Од ова прскање на пролт се намалува отфрлањето на цветовите.

По паѓањето на лисната маса се простапува кон прскање со средства на бакарна основа. Овие препарати имаат фунгицидно дејство и ги штитат овошките од евентуални болести.

Младите насади треба соодветно да се заштитатод глодари и други животни.

СЦЗРР