Производството на храна во иднина ќе биде најголемиот предизвик за сите производители. Имајќи предвид дека храната може да спречи и многу болести, производството на здрава храна ќе биде уште поголем предизвик.
Најздрави намирници на планетата
Боровинката помага во јакнење на крвните садови, компирот го зајакнува имунитетот, а оревите може да ви го подигнат расположението. Ова се 9 те намирници кои се наоѓаат на врвот на топ листата на најздрави намирници.
1.Кромид
Одличен е во борбата против разни болести, а може да спречи и развој на многу бактерии. Кромидот содржи многу корисни супстанции од кои најважни се алицин и гликозид. Има антибактериско дејство и традиционалната медицина го препорачува најчесто за лечење на кашлица.
2.Брокула
Една мала порција брокула содржи повеќе од потребната дневна доза за внес на витамин К кој е многу важен за градбата и чувањето на коските. Брокулата може да спречи и развој на разни малигни болести.
3.Компир
Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолна киселина која е неопходна за развој и раст на децата. Еден благ компир преполн е со А витамин кој е одговорен за јакнење на имунитетот.
4.Ореви
Содржат најмногу омега-3 масни киселини кои го намалуваат холестеролот. Го подобруваат расположението и се борат против развој на малигни болести.
5.Лимон
Еден лимон содржи повеќе од препорачаната дневна доза на Витамин Ц. Тој помага во борбата против настинки, ги јакне коските и го одржува нивото на холестеролот. Помага и во спречување на развојот на малигните клетки.
6.Боровинка
Овошје богато со растителни влакна, антиоксиданси и исклучително корисна за јакнење на крвните садови. Одличен извор на витамин Ц, биофлавонид, фолна киселина, калиум, калциум и железо.
7.Спанаќ
Спанаќот е богат со витамини и минерали. Соджи фолна киселниа, витамини А,Б,Ц,Е, железо, манган и калиум.
8.Авокадо
Според некои истражувања го намалува холестеролот дури за 22%. Содржи големи количини на калиум кој помага да се намали крвниот притисок, а според американскиот Национален институт за срце, плуќа и крв авокадото е најдобар начин за контролирање на крвниот притисок.
9.Печурки
Вкусна нискокалорична намирница, замена за црвено месо. Габите го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојка, пишува Агромедиа.
СЦЗРР