Претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, прогнозираат од УХМР.
Во Битола претежно облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо. Температурата ќе се движи од 11 – 15 степени.
Во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Како што информираат од УХМР,утре времето ќе биде умерено до значително облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје и утре времето ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата утре наутро ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 10 до 16 Целзиусови степени.
СЦЗРР