Зимска приказна денес се раскажуваше во Старата битолска чаршија. Во рамки на претпразничната програма на пешачката зона покрај река Драгор се организира новогодишен базар.
Овој пат приказната ја раскажуваат семејни фарми и мали занаетчиски производители на храна. Посетителите имаат можност да дегустираат и да купат најразлични производи. Со чаша греано вино може да уживаат во музичката програма за која се задолжени повеќе музички групи или пак да уживаат во семејните приказни на производителите на храна.
Новогодишниот базар ќе трае до петок 30 декември 2022 од 11-16 часот. За настанот се погрижија Општина Битола и Слоу фуд Битола.
Ви ја доловуваме денешната атмосфера:
СЦЗРР