Инвестирај во земјоделството!

Инвестирај во земјоделството!

Инвестирај во земјоделството! Зошто треба да се инвестира? Кој може да инвестира? Каде да се инвестира? Во што да се инвестира? Ова се прашања кои заслужуваат одговор. Очекувајте ја првата инфо сесија за оваа година што ја организира СЦЗРР Триумф консалтинг Битола.

Ја испративме 2022 година. Година исполнета со многу предизвици, искушенија надежи. Најголемиот предизвик е производството на храна. Дали ќе има доволно храна за сите? Ова ги мачи дури и поразвиените земји. Целиот товар на овој предизвик го носи земјоделството. Сите тешкотии пак на своите плеќи го носат земјоделците. Да се произведе повеќе, поевтино, поквалитетно. Ќе може ли?

Ова се предизвиците на секој земјоделец. Условите и можностите, различни. Од една крајност во друга. За да се справи еден земјоделец со сè она што го побарува земјоделската дејност потребни се многу труд, посветено време и секако инвестиции.

За среќа, државата и за оваа 2023 година планира финансиска поддршка за земјоделците преку мерките од ИПАРД 3 програмата и Програмата за рурален развој.

Информирајте се на време, испланирајте ги вашите инвестиции и бидете во чекор со она што науката и технологијата го овозможуваат за развојот на земјоделскиот сектор.

Советодавен центар за земјоделство и рурален развој „Триумф консалтинг“ им помага на сите заинтересирани лица, инвестициите да ги искористат во вистинско време и на вистински начин. За таа цел во рамки на своите активности на почетокот на оваа година започнува со информативни сесии за мерки од програмите што се очекуваат оваа година.

Следете нè на веб страницата www.sovetodavna.mk и на социјалните мрежи и информирајте се. Само добро информирани едуциран земјоделец може да се справи со сите предизвици што ги носи новото време.

Очекувајте ја наскоро првата инфо-сесија!

СЦЗРР