Исплатена поддршката за новоподигнати насади и произведен домашен лозов и овошен саден матријал

Исплатена поддршката за новоподигнати насади и произведен домашен лозов и овошен саден матријал

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на средства од јавениот повик 3/2023 за мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

Исплатени се средства во износ од 5,8 милиони денари од програмата за рурален развој на 43 корисници за подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини.

Исто така извршена е исплата за произведен домашен лозов и овошен саден материјал по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.Исплатени се 8 правни лица со сума од  55.703.770,00 денари.

Исплатата е извршена на правните лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал кои имаат произведено и продадено лозов и овошен саден материјал во 2023 година и имаат добиено сертификат за конечно сертифициран саден материјал.

Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник.