Исплатени над 15 милиони денари субвенции на 987 органски производители

Исплатени над 15 милиони денари субвенции на 987 органски производители

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализира исплата на финансиска поддршка за корисниците од Програмата за органско производство за 2024 година.

Со исплатата се опфатени 987 корисници, на кои им се исплатени вкупно 15.372.229 денари финансиска поддршка.

Од вкупниот износ:

  • 9.589.057 денари се исплатени на 808 корисници за сертификација;
  • 26.830 денари се исплатени на 5 корисници за анализа на почва;
  • 963.997 денари се исплатени на 16 корисници за трговија со органски производи;
  • 185.904 денари се исплатени на 3 корисници за преработка на органски производи;
  • 4.606.441 денар се исплатени на 155 корисници за овошни насади.

Оваа финансиска поддршка има за цел да го поттикне развојот на органското земјоделско производство, да го олесни процесот на сертификација и да придонесе кон зголемување на производството и пласманот на органски производи.