Исплатени над 2 милијарди денари поддршка за тутунопроизводителите

Исплатени над 2 милијарди денари поддршка за тутунопроизводителите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплата во вкупен износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година.

Исплатата е реализирана согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Со Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2025 година се предвидени директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун, при што висината на поддршката е утврдена според квалитетот и класата на тутунот. Оваа мерка има за цел да обезбеди стабилни приходи за производителите и да го поттикне производството на висококвалитетен тутун.

Тутунот останува една од најзначајните и стратешки земјоделски култури во државата, обезбедувајќи егзистенција за илјадници семејства и значителен придонес во извозот и националната економија.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со креирање и спроведување на политики и мерки кои обезбедуваат одржлив развој на земјоделството, подобрување на конкурентноста на домашното производство и финансиска поддршка за земјоделците.