Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на финансиска поддршка по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади за 2025 година.
Средствата се исплатени во вкупен износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, со што се обезбедува директна поддршка за одржување и унапредување на лозовите насади во државата.
Право на финансиска поддршка имаа земјоделските стопанства кои ги исполнуваа следните услови:
- Да имаат површини под лозови насади
- Да се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства
- Минимална површина под лозови насади: 0,2 ха
- Минимален број на садници: 1.389 садници по хектар
- Лозовите насади да се подигнати до пролет 2024 година
Основната поддршка изнесуваше 42.000 денари по хектар.
Исплатата се пресметуваше според следната скала:
- Од 0,2 ха до 10 ха – 100% од износот
- Од 10 ха до 30 ха – 60% од износот
- Над 30 ха – 30% од износот
(збирно за сите сорти)





