Исплатени субвенциите за предадено млеко за првата половина од 2024 година

Исплатени субвенциите за предадено млеко за првата половина од 2024 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Исплатени се 4.533 млекопроизводители со вкупен износ од 294.212.786,00 денари.

Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март, април, мај и јуни 2024 година.

Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.