Исплатени субвенциите за предадено млеко

Исплатени субвенциите за предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Исплатени се 4.430 млекопроизводители со сума од 216.712.603,00 денари.Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година.

Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.