Исплатени субвенции за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Исплатени субвенции за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети.

Кон 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од 298 милиони денари.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и кои оствареното производство го имаат предадено во преработувачки капацитет во период од 26 декември 2022 година – 25 декември 2023 година.

Висината на финансиската поддршка, пак по корисник, изнесува 3 денари за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на финансислата поддршка изнесува 5 денари за предадените колични во период мај – јуни 2023 година и ноември – декември 2023 година.