Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Исплатени се 88.6 милиони денари за над 5400 млекопроизводители.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.
Висината на поддршкат изнесува 3,5 денари / литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 / литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
Исплатата е за произведеното и предаденото млеко во месеците Мај и Јуни 2022 година.