Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на 372.201.760 денари на 4.284 земјоделски стопанства – одгледувачи на говеда, како финансиска поддршка за сточарското производство.
Средствата се исплатени согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година и Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, по подмерката 2.1 – директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 18 месеци.
Поддршката изнесува 8.000 денари по прифатливо женско грло говедо, при исполнување на условите утврдени со Програмата и Уредбата.
Оваа исплата е значајна за поддршката во сточарството и јакнење на економската одржливост на земјоделските стопанства.





