Лимон – Како да презими  во саксија?

Лимон – Како да презими  во саксија?

Често се случува лисјата на лимонот да се извиткаат, пожолтат и да паднат во текот на зимскиот период. Прочитајте како да го спречите тоа.

Доколку растението било надвор, треба да се птренесе во затворен простор 6 недели пред првиот мраз,На лимонот му треба одредено време да с привикне на промена на средината и условите во неа. Лимонот пред да се внесе во затворено треба да му се измијат листовите и да се проверат лисјата и гранките да не имаат лисни вошки или некој друг штетник.

Положба и температура

Во зимскиот период лимонот се наоѓа во мирување. Тој не расте, ноп сепак сака да се запазат одредени услови. Добро е да се смести на јужна страна бидејќи тој сака светлина. Ако нема доволно светлина и ако се залива со ладна вода, може да настапи паѓање на лисјата. Оптимална температура за презимување е од 5-10 степени.Важно е просторијата во која се наоѓа да се проветрува бидејќи поради топлиот  и сув воздух лисјата може да почнат да пожолтуваат и да паѓаат.

Наводнување на лимонот во зима

За оптимален раст и развој потребно е многу светлина и наводнување , посебно од мај до септември. Во текот на есента наводнувањето постепено се намалува. Во зима се наводнува од 10-20 дена.Подобро е земјата да биде сува отколку да се претера со вода. Најдобро е да се користи дождовница или провриена млака вода.

Изолација под саксијата

Се препорачува под саксијата да се стави изолација, некоја штица, дебел картон или стиропор.

Негативно влијание на сувиот воздух

Сувиот воздух во станот како последица на греење во станот негативно се одразува на лимонот. Бидејќи лимонот не поднесува суша, листовите треба да се прскаат со вода неколку пати неделно. Се препорачува пос саксијата да се стави плиток сад со камчиња, за да може да се обезбеди фополнителна влага која е потребна во затворениот простор. Дното на саксијата не треба да стои во вода.

Прихрана

Прихрана не се врши од септември до февруари. Редовно треба да се контролира растението од присуство на штетници.

Извор: агросавети.рс