Македонски компании присутни на саемот АГРО Белград 2023

Македонски компании присутни на саемот АГРО Белград 2023

Делегација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од министерот Љупчо Николовски, учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023, соопштуваат од МЗШВ.

Меѓународниот саем АГРО Белград претставува водечки сеам за производителте на овошје, зеленчук и вино во регионот. Саем каде се вмержуваат реномирани домашни, регионални и светски копании и купувачи создавајќи нови контакти меѓусебе.

Производители на свежо, замрзнато и преработено овошје, зеленчук и грозје, потоа земјоделски машини од популарни брендови, системи за наводнување, системи за градобијна заштита, расадници, семенски и хемиски компании како и други компании кои ја покриваат областа на земјоделството, се само дел од на 500 излагачи од регионот и светот кои учествуваат на годинешениот саем АГРО Белград 2023.

На македонскиот штанд, во рамки на годинешното саемско издание се претставија повеќе реномирани македонски компании, преработувачи на овошје, зеленчук и производители на вино, финасиски поддржани од министерството. Посетителите на саемот имаа можност да ги вкусат убавото македонско вино, традиционалниот македонски ајвар, но и другите производи изложени на нашиот штанд. 

Како министерство преку програмата за рурален развој обезбедивме финасиска поддршка за учество и реализација на 50 домашни и 15 меѓународни манифестации за промоција на македонските земјоделски производи и пијалоци.

Министерот Николовски и министерката за земјоделство на Србија Танасковиќ упатија порака за уште позасилено темпо на меѓусебна собработка, гарантирајќи на граѓаните во двете држави сигурна снабденост со храна.

Република Северна Македонија и Република Србија имаат одлична меѓусебна соработка како во делот на меѓусебните договори и протоколи така и во делот на трговската размена.

Иницијативата Отворен Балкан се покажа како добра и исправна одлука во вистинско време, која веќе ги дава своите резултати. Како соседни држави, на дело ја покажавме солидарноста, човечноста и меѓусебната соработка во време на прехранбената, економска и енергетска криза.

Важен е и конференцискиот дел во рамки на саемот АГРО Белград, кој оваа година опфати актуелни теми од областа на овоштарството, градинарството и лозарството. Една од главните теми на конференцискиот дел бeше справувањето со климатските промени и нивното влијание врз промените во производството на овошје и зеленчук.