МЗШВ објави оглас за давање под закуп државно земјиште

МЗШВ објави оглас за давање под закуп државно земјиште

МЗШВ објави ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Земјоделското земјиште во државна сосптвеност  кое се дава во закуп е со намена за:

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години,

-подигање на долгогдишни насади  со лешник за период до 70 години,

-одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,

-за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години.

За критериумите и условите на јавниот оглас прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.

Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола им стои на располагање на сите заинтересирани лица околу подготовката на апликацијата. За информации јавете се на тел: 072/251 263, 076/749 833 и 070/934 439.

Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето.

СЦЗРР