Минусни утрински температури низ цела држава

Минусни утрински температури низ цела држава

Минусни утрински температури се забележани ова утро низ цела држава. Време со ниски температури ќе се задржи во текот на целата недела. Агрометеоролозите велат дека ваквите температури не ги загрозуваат земјоделските култури.

Минималните температури што ова утро беа измерени се движеа од: -15 Попова Шапка, -10 Маврови Анови, Крушево, -7 Берово, -6 Претор, -5 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Дебар, -4 Битола, -3 Штип, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Демир Капија, 0 Дојран до 1 Гевгелија.

Според временската прогноза на УХМР во западните делови ќе биде променливо облачно, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени.

Агрометеоролозите велат дека минусните температури нема негативно да се одразат на земјоделските култури особено на повисоките места каде е формирана снежна покривка.

Во рамничарските делови на Пелагонија снежната покривка е мала, скоро и да ја нема. Агрономите велат дека ниските температури негативно се одразуваат на развојот на есенските посеви. Ова не значи дека приносите ќе бидат намалени. Земјоделците треба да ја следат состојбата за кога ќе има можност да делуваат превентивно со заштитни средства од можни евентуални болести.

Кај овошните насади не постои опасност од замрзнување на овошките бидејќи се наоѓаат во фаза на мирување. Напротив ниските температури им помагаат за подбро презимување. Во оваа фаза таму каде има услови може да се врши резидба, особено на виновата лоза в долж поварадарието.

СЦЗРР