Мушмула – овошје полно здравје

Мушмула – овошје полно здравје

Мушмула е плод кој дава многу здрваје.Станува збор за нискокалорично овошје кое во својот состав содржи палета од витамини и минерали. Идеално време за садење на мушмулата е есен. Се одгледува слично како и јаболката, само што таа е пооторна на штетници и болести.

Мушмулата   прв пат ја опишал  грчкиот ботаничар Теофрастус пред околу 2000 години.Според некои мислења ова растение потекнува  од пределите околу Каспиското езеро, а други пак велат дека потекнува од средна Европа

Во Македонија и на Балканот, можат да се најдат различни сорти на мушмула: домашна, кралска, холандска и бесемена.

Карактеристики на мушмулата

Мушмулата -овошје полно здравје. Станува збор за листопадни растенија во облик на големи грмушки или мали дрва кои растат до 8 м во височина. Листовите се елиптични и темнозелени, со должина од 6 до 15 см и широчина од 3-4 см. Пред да паднат на есен, лисјата стануваат спектакуларно црвени. Цвета доцна на пролет со бели цветови со пет ливчиња. Мушмулата има топчест плод со пречник од 2-3 см, со силни, раширени венчени ливчиња кои оддават впечаток дека овошјето е шупливо.

Плод од Мушмула

Мушмулата е непрaведно изоставено овошје во споредба со останатите . Има одлични карактеристики кои овозможуваат да се одгледува на висина до 1000 м. И годат сончеви и проветрени терени, но премногу топлина може да и наштети. Таа е од оние растенија што одлично поднесува ниски температури дури и до -30 степени Целзиусови. Карактеристично за мушмулата е тоа што е самоплодна и не и се потребни опрашувачи.

Идеално време за садење на мушмулата е есен. Се одгледува слично како и јаболката, само што таа е пооторна на штетници и болести.

Мушмулата е овошје кое дава многу здравје

Плодот на мушмулата е многу тврд и кисел. Станува јадлив одкога ќе омекне на мразот, или природно со складирање доволно долго време. Одкога ќе почне да омекнува, лушпата набргу му се набира и потемнува и внатрешнбоста му станува прилично мека. Можат да се јаде пресно, или од него да се прави мармалад, желе и вино. Имајќи го предвид составот на овошје наша препорака е секој да го има ова растение во својот двор.

Мушмула овошје полно здравје

Станува збор за нискокалорично овошје кое во својот состав содржи палета од витамини и минерали. Мушмулата е богата со пектин кој поволно влијае на дигестивниот тракт и штити од разни болести. Богато е со витамин А и антиоксиданси, кои се од суштинско значење за здрава кожа и очи. Исто така е богато и со витамини од Б групата како и најмоќниот антиоксидант Ц витаминот.

Мушмулата е овошје кое ги содржи едни од најважните за здравјето минерали, како магнезиум, железо, бакар, калциум и манган. Магнезиумот учествува во синтезата на антиоксидантни ензими, бакарот и железото ни се потребни за синтеза на црвени крвни зрнца.
Калциумот и манганот се клучни за одржување на една здрав коскен систем, но и се важни за здравјето на срцето.

Извор: СЦЗРР