Прочитајте како правилно да управувате со жетвените остатоци и како да создадете одлична средина за развој на растенијата .
По завршување на жетвата следува активност која е од големо значење за зачувување на квалитетот на почвата. Станува збор за заорување на жетвените остатоци кои може во голема мера да го подобрат одгледувањето на идната култура.
Целите кои треба да се постигнат со правилното управување на жетвените остатоци се следните:
– да се одржи потребното ниво на органска материја во почвата која е неопходна
за земјоделското производство и да се подобрат физичките и хемиските
карактеристики на почвата
– да се спречи ризикот од пожар и со тоа загрозување на човечките животи,
уништување на материјалните добра и на живите организми во почвата (од
бактерии и габи до ситни животни) кои имаат клучно значење за
одржување на хемиската и физичката плодност на почвата и обезбедуваат
услови за ефикасно производство
– да се спречи загадување на животната средина преку чад и пепел.
Како правилно да се управува со жетвените остатоци?
Остатоците од растенијата кои остануваат на обработливите површини
откако ќе се заврши жетвата не треба да се палат. Растителните остатоци
после жетвата треба да се заораат и да се внесат во почвата.
Со ваквиот начин на постапување се овозможува зголемување на содржината на
органски материи, односно хумусот во почвата. Покрај подобрување на плодноста
на почвата, заорување на стрништето овозможува во текот на зимата, почвата со
растителните остатоци да формира мулч кој ја штити површината од ерозија. Од
друга страна спалувањето на стрништата значи губење на органската материја од
почвата, уништување на потребниот жив свет, загадување на средината со пепел
и чад и ризик од ширење на пожари.
Исклучок од забраната за палење на растителните остатоци на обработливите
површини после жетва е во случај кога за тоа постои службена наредба
СЦЗРР