Нова серија трактори Кубота М6002

Нова серија трактори Кубота М6002

Кубота  –  водечкиот јапонски  бренд со својата функционалност и квалитет го освојува светскиот пазар. Сега е достапен и на македонскиот пазар. Овластен дистрибутер за овој бренд е битолската компанија Ангела – Алфа од Битола.

Новата серија Кубота М6002 нуди трактори  со различни перформанси за широка примена подготвена е за потребите на паметното земјоделство. Тоа го овозможува одличниот дизајн кој покрај основните задачи, со помош на различна приклучна механизација може да извршува различни операции.

Тракторите од серијата Кубота М6002 се карактеризираат со одлична моќност која овозможува извршување на многу тешки операции. Одличната хидраулика овозможува ефикасно подигнување на товар како на предната така и на задната страна од тракторот. Располага со експресно стартување што овозможува брзо активирање и вклучување во извршување на различни операции.

Располага со пространа кабина која овозможува одлична видливост на сите страни. Удобна е и опремена со најсовремена технологија која овозможува  лесно управување со тракторот. Опремена е со мултифункционална конзола со 8 инчен монитор која овозможува извршувањето на работните обрски да биде задоволство.

 Серијата Кубота М6002 го има најсовремениот мотор и 8 брзински менувач кој движењето го прави мноу лесно.Современата технлогија овозможува неспоредлива    можност за  маневрирање под агол од 55 степени и брзо движење во радиус од 4,5 м.

Погледнете го ВИДЕОТО и уверете се  во перформансите со кои располага новата серија трактори Кубота М6002.

Јапонскиот бренд Кубота сега може да се најде и на македонскиот пазар. Овластен дистрибутер за овој бренд е битолската компанија Ангела – Алфа од Битола, која веќе четврта деценија успешно опстојува и ги снабдува македонските земјоделци со брендирана земјоделска механизација.

Ангела – Алфа овозможува достапност на јапонскиот бренд  трактори Кубота кои располагаат со  мотор од стандардот Еуро 5. Покрај достапноста на лагер за корисниците обезбедуваат и две години гаранција. Посетете ја компанијата Ангела –  Алфа и уверете се во квалитетот на брендот Кубота.

СЦЗРР