Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објави мерка 3 односно помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа мерка се сите земјоделски стопанства кои во период од 1 август 2023 година до 31 јули 2024 година имаат склучено полиси за осигурување во земјоделството.
Висината на помошта изнесува 60% од вкупната вредност на полисата но не повеќе од 150.000,00 денари по корисник.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата.
Краен рок за поднесување на барањата е 31.08.2024 година.
Барателот во прилог на барањето доставува примерок од полиса и потврда/тековна состојба од Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Испечатеното барање заедно со прилозите се доставува до АФПЗРР.