Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со површина над 3 хектари.

Согласно објавените информации, во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, приоритет при доделувањето на земјиштето ќе имаат сточарите. Ова претставува значајна промена по повеќе од две децении и има за цел да придонесе кон развојот и унапредувањето на сточарството како една од стратешките гранки на македонското земјоделство.

Советодавна во наредниот период ќе објави детални информации за секој од јавните повици, вклучувајќи ги условите за учество, критериумите за избор, расположливите површини по региони, роковите за аплицирање и потребната документација.

Следете ја нашата веб-страница и социјалните мрежи за навремени информации, стручни анализи и професионална поддршка при подготовката и поднесувањето на апликациите.