Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик 10/2023 за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи.
Јавниот повик се однесува за инвестиции во набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко и месо, набавка на машки и женски приплодни грла овци и машки и женски приплодни грла кози.
Право на користење на финансиска поддршка од овој повик имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно законот за земјоделство и рурален развој.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 10 милиони денари, што претставува поврат на направената инвестиција од 50% – 75%
Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат, односно сите заинтересирани ќе треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за инвестицијата и да ги прикачат сите потребни документи.
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе ТУКА. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата – www.ipardpa.gov.mk или ТУКА.
Стручниот тим на Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите потенцијални корисници за професионална подготовка на целокупната проектна документација.