Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави повик бр. 11 од програмата за рурален развој мерка 121.12 набавка на житни комбајни.
Потенцијални корисници може да бидат земјоделски стопанства (физички и правни лица) кои се запшани во ЕРЗС и се занимаваат со земјоделство како основна дејност и имаат минимална површина под житни култури (пченица, јачмен, рж, тритикале или овез) од 10ха.
Максималната кофинансирана сума по корисник изнесува до 3.000.000 денари.
Принципот на кофинансирање е од 50-75% од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од 3.000.000 денари.
Краен рок за доставување на барањата е до 30.12.2023 година.
За повеќе информации ТУКА.
Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој ви стои на располагање за подготовка на апликациите за оваа мерка.