Објавен повик за финансиска поддршка за основање и функционирање на земјоделските задруги

Објавен повик за финансиска поддршка за основање и функционирање на земјоделските задруги

Агенцијата за финансиска поддршка воземјоделството и руралниот развој објави јавен повик бр.06/2023 од програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2023 година за мерка 131 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност.

Финансиската поддршка се однесува на направени прифатливи трошоци во период 01.01.2023-30.06.2023 годна.

Корисници на оваа мерка се земјоделски задруги или правни лица кои се занимаваат со претежна земјоделска дејност и се основани од земјоделски стопанства и правни лица формирани од здруженија на земјоделски производители.

Прифатливи трошоци за финансирање се трошоците за воспоставување на задругата и трошоци за одржување на задругите за веќе воспоставените задруги.

Краен рок за доставување на барањата е до 30.08.2023 година.

За повеќе информации на следниот ЛИНК