Објавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата

Објавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година и тоа следниве мерки:

Мерка 1 Финансиска поддршка во рибарството

Потточка 1.6 Дополнителна заштита на рибите во риболовните води

Потточка 1.7 Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води

Потточка 1.8 Финансиски средства за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина

Мерка 2 Финансиска поддршка во аквакултурата

Потточка 2.2 Финансиска поддршка за порибителен материјал

Мерка 4 Развој на нови пазари и прпмотивни кампањи

Потточка 4.1 Финансиска поддршка за промоција на рибарство

Потточка 4.2 Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство

Корисници на финансиска поддршка се Рибарски и риболовни здруженија и концесионерите на риби како и субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура

Јавниот повик се однесува за цела 2025 година, во која корисниците имаат право да аплицираат за одредени периоди во зависност од активноста за која се бара финансиската поддршка.

Упатството за корисниците и потребни документи може да симнете ТУКА.