Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на ден 26.01.2024 година, објави Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка од 60%-70% од вкупниот буџет на проектот но не повеќе од 10 000 000 денари во зависност од големината на претпријатието и бројот на вработени.
Средствата се наменети за воведување на нови иновативни технологии, дигитални решенија, јакнење на капацитетите и сите останати инвестиции кои ја подобруваат конкурентноста на претпријатијата
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 29.02.2024 година, до 14:00 часот.
За повеќе информации на следниот ЛИНК.
Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите земјоделски фирми за подготовка на документација за конкурирање за оваа финансиска поддршка.
Контакт: ☎️ 072/251-263 или ✉️ kontakt@sovetodavna.mk