Пазар на локални производи во старата битолска чаршија

Пазар на локални производи во старата битолска чаршија

Денес во старата битолска чаршија се одржува настан насловен како “Пазар на локални производи” во организација на Слоу Фуд Македонија.

На овој настан ќе бидат промовирани производи од мали производители на храна од растително и животинско потекло произведени на традиционален начин.

Секој кој има желба да го проба вкусот на нашите локални производи е добродојден на овој настан каде ќе може да дегустира, купи или да се едуцира за домашната локална храна, органска храна и традиционални преработени производи.

Настанот ќе трае од09-15 часот во Стара битолска чаршија Булевар 1 ви Мај, пешачка улица покрај реката Драгор, од Ленски мост до Безистен.

Советодавен центар за земјоделство и рурален развој ги поддржува ваквите настани и во прилог со галерија ви ја доловуваме атмосверата од настанот.