Пчелите се многу вредни, но исто така се способни да извршуваат сложени задачи. Еве неколку интетресни податоци за што сè се способни овие ситни инсекти.
1.Пчелите се добри гарадители
Пчелите спаѓаат во врвни градители меѓу инсектите. Имаат способност да изградат многу сложени објекти во кои ќе се населат цели заедници.
2.Пчелите комуницираат меѓусебно
Со движење, со звук и покрети пчелите пренесуваат сложени и многу важни инафорамции за нив во врска положбата на растенијата и врстите на цветови.На пример кога се враќаат во кошницата изведуваат сложен танц со кој на другите пчели им пренесува податоци за изворите на храна и инструкции како да се стигне до нив.
3.Пчелите знаат да бројат
Пчелите може според сеќавања да пронајдат посакувани објекти , памтат и регистрираат знаци се додека не стигнат до саканата цел.
4.Имаат одлична ориентација
Пчелите одлоично се орентираат во просторот. Во природата се добри пилоти. Тоа им овозможува да функционираат во отежнати услови и успешно ги извршуваат своите задачи.
5. Донесуваат одлуки
Пчелите може да донесат одлука да ја променат температурата во кошницата, дали ќе се пренеси или не некоја информација, дали ќе се напаѓа или ќе се промени престојувалиштето. Кога во кошницата станува претопло пчелите заедно тргнуваат на работа за да ја променат температурата. Тоа го постигнуваат со прецизно изработување на објектот и со мафтање на крилата, сè додека во кошницата не влезе доволна количина на ладен воздух.
Извор: Агромедиа