Подривање на почвата во пластеници

Подривање на почвата во пластеници

Подривање на почвата во пластеници може да се извршува секоја година или после секој производен циклус со цел полесно да се извршуваат потребните мерки за подготовка на почвата.

Покрај орањето, подривањето е основна агротехничка мерка за обработка на почвата. На тој начин се создава површински растресит слој кој со дополнителна обработка се доведува во состојба за сеење или пресадување на растенија.

Во пластениците, ограничени се можностите за примена на голема механизација. Потребните агротехнички мерки треба да се извршуваат со соодветна механизација како што се мотокултиватори или фрези.

Непропустлив слој

Поради ограничените можности во пластениците може да се извршуваат само одредени операции при обработката на почвата. Претежно се применува фрезирање на земјата. Со текот на годините се создава непропустлив слој кој  го отежнува растот и развојот на растенијата. За да се спречи тоа потребно е да се примени и подривање и риголовање на почвата.

Со подривањето се овозможува обработка на почвата на длабочина од 30 см.

Со риголовање се овозможува разбивање на непропустливиот слој. На тој начин се врши аерација на земјиштето. Се збогатува земјата со воздух со што се подобрува волуменот на почвата и се овозможува продирање на влагата во подолните слоеви со што се овозможува правилен развој на кореновиот систем.

Со ова се овозможува подобар раст и развој на растенијата што ќе се одгледуваат во пластеникот.

Зголемен принос

Со правилната обработка на почвата се зголемуваат производните карактеристики на почвата со што може да се постигнат поголеми приноси. Растенијата кои што ќе се одгледуваат ќе имаат правилен раст и развој, ќе може подобро да ги искористуваат хранливите матрии од почвата со што ќе се резултира со зголемен принос.

Токму затоа се препорачува подривање да се извршува секоја година после производниот циклус не само за полесна обработка на земјата туку и за добивање подобри крајни резултати.

СЦЗРР