Правилна употреба на арското ѓубриво

Правилна употреба на арското ѓубриво

Арското или шталско ѓубриво преставува органска материја најчесто добиено од животински измет по природен пат, кое може да се користи како органско ѓубрење во земјоделското производство.

Арското ѓубриво треба да се употребува за култури кои најпродуктивно ги користат хранливите материи, како што се: во оранжерии, за пченка, зелка, сончоглед и други култури кои произведуваат голема количина на зелена маса и имаат потреба од азот. Не е дозволено ѓубрење во производство на зеленчук, јагодесто овошје и лековити билки, во период од 30 дена пред зреење и берба.

Генерално најповолен период за ѓубрење со шталското ѓубре е крајот на зимата и пролет. Ако се ѓубри во есен или зима, се зголемуваат губитоците на азот во водата, а ако се наѓубрува во лето се испушта амонијак во воздухот. Арското ѓубре треба да се користи како ѓубриво набрзо откако ќе се добие. Ѓубрето не треба со години да се складира на полиња или во складишта пред да се растури на нива. Штом се собере доволна количина арско ѓубре за одредена парцела, истото треба да се растури на нивата 1-2 месеци пред сеидбата или садењето, рамномерно на секој дел од површината.
Заради намалување на мирисите во примената на ѓубриво за растурање на ѓубривото потребно е да се изберат поволни временски услови и тоа сончеви и ветровити денови со облачни и ветровити ноќи. Не е препорачливо да се прска ѓубриво во близина на куќи и во време на викенд. Препорачливо е да се користат распрскувачи со помал агол на распрскување и големи капки, или
подобро да се применуваат уреди кои површински го поставуваат ѓубривото во траки што ги намалуваат непријатните мириси од 55-60% во споредба со стандардните распрскувачи. Течно ѓубриво е најдобро да се внесе плитко во почвата (5-6 см) со користење на инјектор.

Правилната употреба на ѓубривата има огромна економска важност за приносите и приходите на секое земјоделско стопанство. Стручниот тим на Советодавен центар за земјоделство и рурален развој е тука да ви помогне за остварување на посакуваните приноси во земјоделското производство.