Правилно управување со жетвените остатоци

Правилно управување со жетвените остатоци

Во периодот што следува е актуелна престојната жетва и управувањето со жетвените остатоци  кои преставуваат важен аспект за одржливите земјоделски практики. Жетвените остатоци преставуваат растителен матријал кој останува на полето по бербата на примарната култури. Овие остатоци може да бидат стебла, лисја, корења и други растителни остатоци.

Правилното управување со жетвените остатоци е потребно поради:

  • Да се одржи потребното ниво на органска материја во почвата која е неопходна за земјоделското производство и да се подобрат физичките и хемиските карактеристики на почвата
  • Да се спречи ризикот од пожар и со тоа загрозување на човечките животи, уништување на материјалните добра и на живите организми во почвата (од бактерии и габи до ситни животни) кои имаат клучно значење за одржување на хемиската и физичката плодност на почвата и обезбедуваат услови за ефикасно производство  и
  • Да се спречи загадување на животната средина преку чад и пепел. 

Како треба да постапиме со жетвените остатоци?

Остатоците од растенијата кои остануваат на обработливите површини откако ќе се заврши жетвата не треба да се палат.

 Растителните остатоци после жетвата треба да се заораат и да се внесат во почвата. 

Со ваквиот начин на постапување се овозможува зголемување на содржината на органски материи, односно хумусот во почвата. Покрај подобрување на плодноста на почвата, заорување на стрништето овозможува во текот на зимата, почвата со растителните остатоци да формира мулч кој ја штити површината од ерозија. Од друга страна спалувањето на стрништата значи губење на органската материја од почвата, уништување на потребниот жив свет, загадување на средината со пепел и чад и ризик од ширење на пожари.

Исклучок од забраната за палење на растителните остатоци на обработливите површини после жетва е во случај кога за тоа постои службена наредба заради спречување на ширењето или уништување на штетни организми или во случај на палење на растителни остатоци од плевели.

За да го постигнеме сето ова треба да користеме одредени техники за управување со жетвените остатоци како што се минимална обработка на земјиштео, мулчирање, компостирање, искористување на биомасата, употреба на остатоците за храна на животните итн. Правилното управување со жетвените остатоци исто така влијае за контрола на ерозивните процеси.

Управувањето со жетвените остатоци е специфично во зависност од културата, типот на почвата, климата итн. поради тоа секое земјоделско стопанство најдбро е да се консултира со советодавните служби или агрономи кои може да обезбедат прилагодени совети согласно потребите на стопанството. Советодавен центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите земјоделски стопанства кои имаат потреба од стручни совети во земјоделството.

Советодавен центар за земјоделство и рурален развој