Презентација за правилно користење на вештачки ѓубрива

Презентација за правилно користење на вештачки ѓубрива

Презентација за правилно користење на вештачки ѓубрива за овоштарите од Преспанскиот регион се одржа во Ресен. Фирмата Елагролип од Кавала соседна Грција ги промовираше своите производи пред овоштарите од Преспа.

Претсавник агроном технолог од оваа фирма пред присутните овоштари промовирајќи ги вештачките ѓубрива на Елагролип одржа презентација  како правилно да се употребуваат вештачките ѓубрива. Презентацијата се однесуваше за ѓубрење на јаболка и цреши.

Во текот на вегетацијата на овие овошки, во зависност во која фаза се наоѓаат, имаат различна потреба од ѓубрење. Од широката палета на ѓубриња потребно е да се направи избор на оние ѓубрива за кои има потреба почвата каде се одгледуваат овошките.

На презентацијата беше нагласена потребата од анализа на почвата која задолжително треба да се прави на секои 5 години. На тој начин ќе се избегне неконтролираното ѓубрење и загадување на почвата. Напротив ќе се знае точно што недостига во почвата, а врз основа на барањата на овошката се применува потребното ѓубриво.

Во производите на Елагролип може да се најдат:

Едноставни ѓубриња;

Азотни ѓубрива со сулфур;

NP комплексни ѓубрива;

Комплексни NPK ѓубрива и

Стбилизирани NNP / NPK ѓубрива.

СЦЗРР