Со откинување на првото јаболко започна манифестацијата Преспански јаболкобер 2022 во Ресен. По 22 пат општина Ресен традиционално ја организира манифестацијата на големиот верски празник Крстовден. Откинувањето на првото јаболко се изврши на овошниот насад на Свислион Агроплод. Со ова се означува почетокот на бербата на јаболката во Преспа.
На денешната манифестација претходеа настани со богата културно уметничка и спортска програма. На плоштадот во Ресен овоштарите од Преспа имаа можност да изложат дел од богатиот асортиман на јаболка. Посетителите имаа можност да видат и вкусат разни производи од богатата традиционална кујна на Преспа.
Традиционално манифестацијата Преспански јаболкобер 2022 додели награди на најуспешни производители на јаболка. Да потсетиме само дека во овој регион се произведуваат околу 80% од вкупното производство на јаболка во Македонија.
Проследете ја фото галеријата што ја направи Советодавен центар за земјоделство и рурален развој од Битола .