Прихрана на пченица

Прихрана на пченица

Прихраната на пченицата е неопходна во текот на нејзините развојни фази. Особено е потребна од фазата на братење до растење на стеблото, за што ѝ се потребни 60 кг азот, се прави во два наврата.

Која пченица прва се прихранува и како се применува уреата фолијарно?

Ако агрохемиската анализа  на почвата покажала природна плодност на земјата  на која може да се добие 3000 кг/ха зрна пченица, за планиран принос од 6000 кг/ха потребно е да се обезбеди NPK ѓубриво растворливо во вода и тоа:

 N=94 kg/ha,

P2O5 = 47 kg/ha и

 K2O = 75 kg/ha.

Ова е само во случај на користење на минерални ѓубрива растворливи во вода , чиј коефициент на искористливост е од 95-97%

Кога може калиумот да се изостави?

Во случај на користење на класични минерални NPK ѓубрива за пченица, просечниот коефициент на искористување според Lоrch изнезува:

50-80% за азот:

25-30% фосфор

55-70% калиум.

Тогаш потребните количини на NPK пропорционално се зголемуваат. На земјиште кое е многу добро снабдено со калиум или после предсеидба на сончоглед , количината на калиевите ѓубрива може да се смалат дури и да се изостават во целост.

Прихранувањето и останатите агротехнички мерки завршуваат до фенофазата на пораст на стеблото –  вретенисување што во нормални еколошки услови е почетокот на месец април. Прихраната со минералното ѓубриво се врши со распрскувачи, а на големи површини може да се врши со авиони.

Ако се користи фолијарно раствор на УРЕА (мак.20-25%) обавезно на ѓубривото да му се додаде навлажнувач.

Прихраната на пченицата потребна во фазата од братење до пораст во стебло  од 60кг азот , задолжително се прави во два наврата.

Во првата прихрана вообичаено се дава УРЕА, додека 21 ден подоцна се додава KAN. Првата прихрана се прави кон крајот на февруари, додека втората 21 ден подоцна или кон крајот на март.

Ако на пр. за прихрана е потребно 81кг азот, а почвата е кисела, во двата наврата се додава KAN и тоа по 150кг/ха KAN. Многу важно во прихраната на пченицата е прво да се прихрани посилната веќе избратена. Пченица која е во подобра состојба, бидејќи таа ги има потрошено резервите  на азот во земјата. Подоцна се прихранува онаа која е во полоша состојба, бидејќи во земјата има резерви кои не се искористени.

Уреа и фолијарно прихранување

Кога станува збор за фолијарна прихрана пченицата, во наши услови кога земјоделците сакаат да заштедат на азотно ѓубриво прихраната преку лист може да се изврши со УРЕА.

За време на фолијарната прихрана треба да се води сметка за концентрацијата на растворот. За прихрана на пченка концентрацијата треба да биде од 3-5%, односно 3-5 кг УРЕА на 100 литри вода  или 6-10 кг во 200 литри вода, додека пченицата и тревата поднесуваат поголема концентрација на ова ѓубриво (мак. 20-25%).

Уреата има својство за кристализирање па додека се прави растворот пожелно е да се стави во некој сад па дури потоа да се додаде вода во прскалката и да се промеша, со додавање на некој навлажнувач. Уште подобар ефект се постигнува кога се дава во концентрација од 10 проценти, но двапати се прска со наведената концентрација. Многу е важно да се работи за висококвалитетно ѓубриво, бидејќи во спротивно нема ефект или се затнува млазницата на распрскувачот.

Извор: Агроклуб