Рокот за аплицирање по мерката за поддршка за набавка на вештачки ѓубрива за есенска сеидба се продолжува до крајот на месец ноември.
Оваа одлука ја донесе Владата на својата седница така што системот на кој може да се аплицира ќе биде отворен. Како што се вели во инфорамацијата земјоделците ќе може да аплицираат заклучно до последниот ден за набавка на вештачки ѓубрива 30.11.2022година.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од кога ќе заврши аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да ги исплати земјоделците за оваа мерка.
Советодавен центар за земјоделство и рурарел развој Битола им стои на располагање на сите земјоделци околу поднесувањето на апликациите.
За повеќе информации обратете се во канцеларијата во старата Битолска чаршија или на тел: 076/749 833 или 070/934 439
СЦЗРР